ЗЕЌИРИ ОБЈАВИ: Преку 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани!

Објавено на 05.02.2020 во 23:39:22 часот | Македонија

Само што го изгласавме законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите на граѓаните кон jавните претпријатија заклучно со декември 2017 година, пишува на Фејсбук, пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири. 

Преку 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани, додава тој во постот. 

Со 65 гласа „за“ и еден „воздржан“ попладнево во Парламентот беше изгласан и Законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на граѓаните кон jавните претпријатија заклучно со декември 2017 година, како и Законот за субвенциониран студенски оброк.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет