МИЦКОВСКИ ИЗВРШИ ПОЛИТИЧКО САМОУБИСТВО - И ПОКАЖА СРЕДЕН ПРСТ НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА: Никој не смее да ни забрани да се обидеме да го ревидираме договорот!

Објавено на 05.02.2020 во 23:25:29 часот | Македонија

Нема да ја игнорираме реалноста што ја создаде Преспанскиот договор, ама ќе се обидеме да ја исправиме неправдата. Вака одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната емисија „Топ-тема“ на Телма, на прашање како неговата партија, во случај на смена на власта во земјава на претстојните избори, ќе го третира Преспанскиот договор.

Мицкоски избегна поконкретен одговор на ова прашање, како и на прашањето во врска со изјавата на амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнс дека е загрижена од најавите на политички партии за враќање или менување на договорот од Преспа. Според Мицкоски оваа изјава на амбасадорката се толкува несоодветно кај дел од јавноста. Предупредувањето на амбасадорката, според Мицкоски, било во насока на тоа Договорот од Преспа да не се злоупотребува во изборни цели.

-Таа изјава на амбасадорката беше во насока на тоа Преспанскиот договор да не биде главна тема на изборите, затоа што имаме реални проблеми во државата, како миграција корупција, отсуство на странски инвестиции… Јас мислам дека живеам во демократска држава, во која не треба да се суди за поразлично мислење. Луѓето имаат право да се борат за остварување на своите соништа. Ние нема да ја игнорираме реалноста, ама ќе се бориме да ја исправиме неправдата – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека никој не вика дека не е потребен договор со Грција, за што преговарале сите влади досега. Ама, како што рече, не и ваков договор, каков што беше потпишан во Преспа.

Според Мицкоски, донесувањето на законото за јавно обвинителство не е услов за ЕУ.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет