ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА: Едно лице загина, 157 повредени во авионската несреќа на компанијата ПЕГАСУС во Истанбул

Објавено на 05.02.2020 во 23:21:49 часот | Свет

 Едно лице загина, а 157 се повредени откако денеска авион при слетувањето на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ ја промаши пистата, се урна во поле и се распадна на три дела.

Турскиот министер за транспорт Мехмет Чахит Турхан изјави дека најголемиот дел од патниците можеле самостојно да го напуштат авионот, додека на останатите им помогнале спасувачките тимови.

Турската телевизија НТВ извести дека авионот се запалил, но пожарот веднаш бил изгаснат. Истата телевизија информира дека авионот припаѓа на компанијата Пегасус ерлајнс и пристигнал од Измир.

Пегасус ја потврди несреќата, но не соопшти други детали.

Турското Министерство за сообраќај соопшти дека во авионот имало 177 патници и членови на екипаж. Министерството посочи дека до несреќата дошло поради „грубо слетување“.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија