КАКО МИТКО ЈАНЧЕВ ЌЕ ГИ ЗАЖИВУВА СЕЛАТА - бесплатен превоз за граѓаните

Објавено на 05.02.2020 во 18:44:53 часот | Македонија

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци најавува бесплатен превоз до кавадаречките села кои се оддалечени повеќе од четири илометри, со цел тие да заживеат.

Се очекува одлука за вакви бенефиции за тие граѓани да се донесе на наредната седница на Советот на Општина Кавадарци.

„До поблиските села најверојатно бесплатен превоз ќе има по два пати во двата правца секој ден, а до десетината пооддалечени села од Поткожувјето, кои имаат малку жители, а се оддалечени и по четириесетина километри, превоз ќе има еднаш дневно во двата правца – три пати во седмицата“, најавил за МИА градоначалникот Јанчев. 

Според него, некои од превозниците досега не биле заинтересирани да возат на одредени дестинации, поради малиот број луѓе кои гравитирале до одредени населени места. 

Градоначалникот нагласи дека со оваа одлука општинскиот буџет нема многу да биде оптоварен, а придобивките за кавадарчани ќе бидат големи.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет