(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Комерцијална банка ви посакува добредојде во првата целосно дигитализирана експозитура на улица Македонија во Скопје

Објавено на 04.02.2020 во 22:49:19 часот | Македонија

Новата експозитура се наоѓа во Скопје, на ул. Македонија и работи 24 часа, секој ден од годината. Опремена е со банкомати и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање сметки.

Во неа можете во кој било дел од денот да подигате или внесувате готовина, да вршите замена на евра во денари, да плаќате сметки за јавните услуги, како и да испечатите извод од трансакциска сметка на физичко лице за која имате претплата на Интернет банка.

Експозитурата нуди одличен комфор, постојано е под видео надзор и приспособена е за лица со посебни потреби.

Влезот во експозитурата е овозможен со сите банкарски картички, а услугите ќе можат да ги користат како нашите, така и клиентите на другите домашни или странски банки.

Ваша, Комерцијална банка

 

 

loading...

 

Македонија

Свет