НЕМА ВЕЌЕ СТЕКОВИ ОД БИЗОНИ: Алатката за отчетност на функционерите заштеди 10 милиони евра народни пари

Објавено на 04.02.2020 во 22:23:00 часот | Македонија

 
 
Оваа влада е најтранспарентна влада досега, од првиот ден ги стави пред јавноста сите свои политики, истакна Роберт Поповски министер за комуникации, транспарентност и отчетност на Трибината Агенда 20-24 на тема Отворена власт, во организација на СДСМ.
 
 
„Воведовме алатка за отчетност за трошоци на функционерите, со која трошоците на носителите на јавни функции се намалија за 3-4 пати во однос на претходната влада, односно 10 милиони ерва“, истакна Поповски.
 
Тој додаде дека оваа алатка со закон ќе ја направиме да биде задолжителна и за градоначалниците, и за пратениците, и за судската власт – се покажа дека отчетноста ги тера функционерите да штедат, а тие пари одат кај граѓаните.
 
„Ја обезбедивме слободата, и сега треба да ја сочуваме, бидејќи 11 години режим создадоа многу проблеми, но слободата на говорот  и изразувањето се столб на оваа и на секоја идна влада, а тоа подразбира и критика“, нагласи  Поповски.
 
Треба да се бориме против лажни вести со медиумска писменост, а ние за жал како граѓани сме на дното по препознавање на лажни вести, истакна Поповски, додавајќи дека треба да се подобри квалитетот на новинарскиот производ.
 
Имаме уште многу да работиме за да бидеме уште подобри истакна Роберт Поповски министер за комуникации, транспарентност и отчетност на Трибината Агенда 20-24 на тема Отворена власт, во организација на СДСМ.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет