Заев: Не сум видел докази за вмешаност на Вељаноски во „Монструм“, тоа пишуваа квази новинари

Објавено на 03.02.2020 во 22:07:35 часот | Македонија

Лидерот на СДСМ и поранеен премиер, Зоран Заев денеска сведочеше за случајот „Монструм“. Откако одговори на прашањата на судскиот совет и обвинителкта Фатиме Фетаи, Заев одговараше на прашањата на адвокатката Дафинка Иванова, која ги застапува оштетените семејства, но и родителите на убиените момчиња.

Во снимките, рече Заев, немал видено материјал на разговор помеѓу политичари од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинетите, а имало еден разговор помеѓу екс градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири за исплата на субвенции. Имало и разговор на Коце Трајановски кој зборува со Миле Јанакиевски за ненавременото осветлување на обиколницата во Скопје.

-Од извршната власт мислам на Муса Џафери и Сашо Мијалков, Миле Јанакиески со други личности, исто така на таа тема. Разговор меѓу Мијалков и Гордана Јанкуловска, поврзана со презентацијата на случајот пред раководството на МВР. Би било чесно да кажам дека голем дел од тие разговори оставаат впечаток дека сите се обидуваат да најдат некој доказ, информација, за да знаат што всушност се случило тој трагичен Велики четврток, рече Заев.

Запрашан дали се сеќава дека мајките на децата го прашале за можна вмешаност на Трајко Вељаноски во овој случај, Заев рече:

-Како родители кои што трагаат по вистината поставувавте секогаш прашања за кои мислевте дека ќе ве доведат до вистината. Секогаш искрено пред сите ја кажував вистината. Сум можел да користам интригантни изјави за политички или други интереси, но тоа не сум го направил. Не се сеќавам за прашањето за вмешаност на Вељаноски. Но, еве и денес потврдувам дека пред мене не се појавиле докази за вмешаност на Вељаноски, освен во одредени текстови напишани од квази новинари. Лично ги осудувам таквите пишувања, рече Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет