ЗОШТО НИ ЦРТАТЕ ХОТЕЛИ И ГРАДИНКА, СИТЕ ИМАМЕ ДЕЦА, САКАМЕ ЗГРАДИ, РЕКОА ГРАЃАНИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ДУП-ОТ ЗА МАЏИР МААЛО

Објавено на 29.01.2020 во 23:23:59 часот | Македонија

ЗОШТО НИ ЦРТАТЕ ХОТЕЛИ И ГРАДИНКА, СИТЕ ИМАМЕ ДЕЦА, САКАМЕ ЗГРАДИ, РЕКОА ГРАЃАНИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ДУП-ОТ ЗА МАЏИР МААЛО

Од денешната јавна презентација на Деталните урбанистички планови за Маџир Маало 1 и Маџир Маало 2 (Фото: СДК.МК)

Во Општина Центар денеска се одржа повторна презентација на Деталните урбанистички планови за Маџир Маало 1 и Маџир Маало 2, на која граѓаните од овој дел на градот исто како и оние од Дебар Маало бараа маркички за згради. Мал беше бројот на граѓани кои сакаат на нивните маркички да остане за индивидуално домување.

Планерите и вработени во секторот за урбанизам и планирање кажаа дека за планот Маџир Маало 1, потегот кај Народна банка, биле прифатени забелешките на граѓаните од првата јавна презентација и речиси за сите парцели се вцртани маркички за згради повеќето со катност приземје плус 5 ката плус приземје, освен на две парцели по барање на сопствениците каде се предвидува изградба на хотели.

За ДУП-от на Маџир Маало 2 каде според планот кој го изработи Општина Центар во рамките на мораториумот се предвидуваше изградба на 56 хотели и 52 згради, забелешките на граѓаните кои биле и доставени преку анкетните листови се наместо маркички за хотели и деловни објекти да добијат за гради. Во овој дел е предвидено изградба на градинка бидејќи овој дел од градот ваков објект нема, а на сите други површини кои се државно земјиште се предвидува зеленило.

„Мојата парцела влегува парцелата за градинката. Јас не сакам градинка, сакам на тоа место да има зграда за станови за моите деца. Зошто јас мојата приватна парцела да ја дадам за градина“, кажа граѓанин.

’Зошто сте вцртале парцела за хотел, сакам зграда‘, ’Јас имам браќа и сестри сите имаме деца, сакаме станови за нив‘, ’Не го сакаме булеварот Крушевска република избришете го, зошто не почекате да се донесе новиот Генерален урбанистички план, булеварот кој ги зафаќа нашите имоти да се избрише и тогаш донесете ДУП‘. Велеа граѓаните и сите еден по еден одеа кај планерката и вработените во Општината да им ја покажат нивната парцела.

Од Општината им кажаа дека сите забелешки да ги напишат во анкетните листови, а планот го носат бидејќи голем дел од граѓаните токму тоа го барале.

„Ние овој план го изработивме според насоките во Генералниот урбанистички план. Во него се предвидува намена Б тоо значи деловни објекти, трговски центри или хотели. Повеќето од вас во анкетните листови бараат промена од Б намена во А намена или колективно домување. Тоа не можеме да го смениме, но затоа ви велиме да побарате намената наместо Б5-хотел, да биде Б2-големи трговски единици, што овозможуваат до 40 отсто од објектот да биде за домување“, рече Биљана Насковиќ, раководител на секторот за урбанизам и планирање.

ИЗВОР: СДК.МК

 

 

loading...

 

Македонија

Свет