МАФИЈАТА НЕ УСПЕА ДА СЕ СПАСИ: ЈО тргна кон „Империја“, повикани сведоци за случајот против Камчев, Мијалков, Панделески…

Објавено на 29.01.2020 во 23:16:25 часот | Македонија

Јавното обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција поканило повеќе сведоци во врска со предметот „Империја“, дознава „360 степени“ од упатени извори. Извесно е дека сослушувањето на сведоците ќе почне веќе оваа недела.

Поради тајноста на постапката, од Обвинителството засега не откриваат дали поради начелното правно мислење на Врховниот суд повторно ќе се испитуваат „старите“ сведоци сослушани од СЈО во истрагата против Камчев, Мијалков, Панделески и другите. Или, пак, предметот оди чекор понатаму од каде што застана кај Катица Јанева, со нови сведоци.

По преземањето на предметите од СЈО, државниот обвинител Љубомир Јовески изјави дека во секој од случаите поединечно ќе се проценува дали и кое дејство ќе треба одново да се изведе. Изјавата на Јовески беше во контекст на начелното правно мислење на Врховен, според кое, секое дејство на СЈО по 30 јуни 2017 г., надвор од предметите за кои до тој датум е поднесено обвинение, е дејство од неовластен тужител. Истрагата под кодно име „Империја“, СЈО ја отвори на 9 ноември 2018 г.

Повеќе

 

 

loading...

 

Македонија

Свет