ПЕТРЕ РАСПАЛИ ПО МИХАЈЛО МАНЕВСКИ: ВИЕ НАЈДОВТЕ ДА МИ ЗБОРУВАТЕ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ, ЈА ДАДОВТЕ „ДРИСЛА“ И ЈА УНИШТИВТЕ ТОПЛИФИКАЦИЈА

Објавено на 29.01.2020 во 21:39:23 часот | Македонија

ВИЕ НАЈДОВТЕ ДА МИ ЗБОРУВАТЕ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ, ЈА ДАДОВТЕ „ДРИСЛА“ И ЈА УНИШТИВТЕ ТОПЛИФИКАЦИЈА, МУ РЕЧЕ ШИЛЕГОВ НА МИХАЈЛО МАНЕВСКИ

Вашата партија во Гази Баба гласаше против булеварот во Керамидница, е таа екскурзија Градот го чини 8 милиони евра повеќе оти сега треба да урива 147 куќи. Заради ВМРО-ДПМНЕ ќе потрошиме 8 милиони евра повеќе“, му рече Шилегов на Маневски.(Фото: СДК.МК)

Немојте вие да ми зборувате за загадување, кога вашата партија ВМРО-ДПМНЕ ја уништи топловодната мрежа, го намаливте зеленилото во Малиот ринг, градевте згради и споменици од „Скопје 2014“ на секоја јавна површина, не воведовте современ начин на превоз, му рече градоначалникот Петре Шилегов на членот на Советот на Град Скопје Михајло Маневски.

На денешната седница, советникот од ВМРО-ДПМНЕ Михајло Маневски го критикуваше Шилегов дека тој како градоначалник изминативе две години ништо не направил за намалување на загадувањето во Скопје. Маневски рече наместо Шилегов со 12 милиони евра да гради Забавен парк, тие пари да ги искористи за решавање на проблемот со загадувањето.

Градоначалникот Шилегов му одговори дека загадувањето не се појавило во овие две години туку во последниве 10 години, како резултат на неумесно раководење, планирање и управување со Градот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако малку од малку ги знаете работите нема да зборувате вакви работи. Вие ја дадовте депонијата ’Дрисла‘, јас ја земав назад. Тоа е разликата меѓу мене и вас. Вие имавте интерес да ја дадете на спорни партнери, јас две години се тепав со остатоците внатре во институциите и ја вратив да биде на Градот. Правам нова Топлификација, зошто некој му ја одземал на овој Град. Па вашата партија во Гази Баба гласаше против булеварот во Керамидница, а таа екскурзија Градот го чини 8 милиони евра повеќе оти сега треба да урива 147 куќи. Заради ВМРО-ДПМНЕ ќе потрошиме 8 милиони евра повеќе. Кај ми се парите ете таму ми се. Вие ќе ми зборувате за град. Јас сум најсреќен човек на свет што човек како вас не ми верува“, му рече Шилегов на Маневски.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница го критикуваа Шилегов и зошто ќе зема кредит од 12 милиони евра за да се гради Забавен парк.

„Шилегов ќе го задолжи овој град со 15 милиони евра, од кои 12 милиони за Забавен парк кој веќе требаше да биде завршен и кој во најголема мера беше изработен со обезбедени реквизити кои што ги наследи. Со кредитите од 15 милиони евра Шилегов секое семејство во Скопје ќе го задолжи отприлика со 100 евра“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова.

Градоначалникот Шилегов одговори дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ тој не инвестира во споменици и нерентабилни проекти туку во нешто што ќе носи економски бенефит на градот.

„Опозицијата нема елементарно познавање како се води еден град и како добива на вредност. Впрочем Новогодишната забава тоа го докажа, кога Градот беше обвинет за трошење на средства. Прославата на Градот му донесе 20.000 туристи. Немаше празна соба во хотелите, хостелите. Забавниот парк ќе биде регионална атракција, ќе привлекува странски туристи и ќе му носи пари на Градот. Сите средства ќе се вратат во рок од 7 години“, рече Шилегов.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет