АПЕЛ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ДА ЈА НАМАЛАТ ЖЕСТИНАТА: Лозано како и многу други јавни и обични луѓе имаат право да се бунтуваат против новото име

Објавено на 29.01.2020 во 13:52:28 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ние што гласавме за новото име не би требало толку жестоко да распалуваме кон оние кои се против менувањето на името на земјава. И обрантото важи.

Треба едни со други да се почитуваме. И едните и другите и мислат добро на земјава, само што едните одбрале еден начин и една логика, другите одбрале друг начин и логика за борба.

Видовме дека 12 години живот според ОПОНЕНТИТЕ даде лоши резултати за земјава, да видиме што ќе дадат овие години со новото име, дали ќе се покаже во право дека вредеше проемната на името или се беше за џабе.

Но мораме да ги спуштуме страстите на пониско ниво и да покажеме разбирање едни за други.

Нити е Лозано некаков душман на земјата и народот, нити пак ние што работевме на промена на името сме душмани на народот и земјата.

Едноставно се работи за два различни концепти за иднината и развојот на земјата и демократски тоа се реши на референдум, излегоа да гласаат 650 000 од кои 600 000 беа за. Тие што не излегоа мислеа дека тоа прашање не им е важно или пак мислеа дека така ќе победат, но се излажаа.

Требаше да бидат мажи и да излезат сите и да гласаат против. Кој ќе победеше, по негово ќе беше. Но испадна како што испадна и животот оди понатаму.

Државата и нејзините функционери се должни да го почитуваат тоа име, граѓаните се должни да го почитуваат тоа име во комуникација со државата, но кога се во приватно тие земјава може да ја викаат како што сакаат и тоа е приватно право во кое никој нема право да им се меша.

А Лозано прави добра музика, исто како и Арбен Шакири.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија