(Видео) Фетаи предлага при изборот на обвинители да се вклучи и канцеларијата на ЕУ

Објавено на 28.01.2020 во 21:33:09 часот | Македонија

Обвинителката Фатиме Фетаи предложи при изворот на обвинители за гонење организиран криминал и корупција да се вклучи и канцеларијата на ЕУ во земјата. Фетаи вели дека на овој начин би се отстраниле сите сомнежи за кандидатите кои се подложни на политички и други влијанија.

„Ние сме мала земја и може да има влијанија. За да го тргнеме товарот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа Обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во земјата преку мониторинг, почнувајќи од моментот на интервјуирање до изборот на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати. Исто така, би кажала дека и јавноста треба максимално да биде вклучена – дали преку јавно објавување или на интервјуата – да видиме какво претходно искуство имал кандидатот. Само на тој начин би биле способни да ја тргнеме прашината за изборот на кадрите и да изградиме доверба во јавнообвинтелскиот систем“, рече Фетаи.

Таа истакна дека предложеното законско решение не е идеално, но е солидно и дека треба од Основното обвинителство за гонење криминал и корупција да се тргне делот „основно“ за да може обвинителите своите предмети да ги застапуваат и пред Апелациониот суд.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет