ЕУ очекува од ВМРО ДПМНЕ да ги поддржи измените во законот за јавно обвинителство

Објавено на 28.01.2020 во 20:40:28 часот | Македонија

 
Амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар за време на јавната расправа за законот за јавно обвинителство кој денеска влезе во собраниска процедура, на својот Твитер напиша дека очекува поддршка и од опозицијата. Според него, драфт верзијата што е на маса пред пратениците е добра основа за консензуална одлука.
 
 
„Ја препознаваме неопходната улога што ја има опозицијата во донесувањето на неколку реформски закони во последните две години. Очекуваме да видиме иста демонстрација на посветеност кон европската иднина во однос на Законот за јавно обвинителство“, напиша Жбогар на Твитер.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет