ФИЛИПЧЕ: Двојно е намалена бројката на новодијагностицирани пациентки со рак на грло на матка, во споредба со 2009 година!

Објавено на 28.01.2020 во 17:02:10 часот | Македонија

Денеска ја одбележуваме неделата за подигнување на свеста за ракот на матката. Оваа година не оставивме да биде на одбележување затоа што 2019 година навистина интензивно работевме на унапредување на Програмата во рамки на Министерството за здравство за превенција од оваа болест. Во рамките на Програмата се испраќаат покани, во три возрасни групи кај пациентите ширум државата и се прават редовни скрининзи. Се анализираат резултатите и рано се интервенира доколку се најде некоја неправилност, во смисла на првична промена на делот на цервиксот на матката, што е исклучително битно затоа што доколку оваа болест се најде во рана фаза може да се спречи напредокот, односно да се спречи понатамошниот степен на малигнизација.

Имаме четривалентна вакцина која што е влезена во редовниот календар за вакцинација. Таа вакцина штити од најчестите предизвикувачи на ракот на грлото на матката, но и на некои бенигни промени како што се кондиломите. Опфатот со вакцинација од оваа вакција е нешто над 50%. Сакам да кажам уште еден новитет, кој што сега како пилот проект, во рамки на активноста на гинеколошко-акушерската клиника ќе се спроведува, а тоа е тестирање од ХПВ вирусот. Заради тоа што, прво тоа значи дека доколку се направи тој вирус се ослободи жената за редовни скрининзи следните пет години, да немора секоја трета да оди, и доколку се детектира да се постапи согласно европските протоколи.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет