МAЕСТРАЛЕН НАСЛОВ НА СДК: ОБВИНЕТИ, ОСОМНИЧЕНИ И АМНЕСТИРАНИ ПРАТЕНИЦИ СЕ СОБРАА ДА РАСПРАВААТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

Објавено на 28.01.2020 во 16:59:43 часот | Македонија

ОБВИНЕТИ, ОСОМНИЧЕНИ И АМНЕСТИРАНИ ПРАТЕНИЦИ СЕ СОБРАА ДА РАСПРАВААТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

Обвинетите пратеници Фросина Ременски и Илија Димовски и осомничениот Антонијо Милошоски на денешната јавна расправа за состојбите во правосудството во Собранието. (Фото: К. Попов)

На јавната расправа во Собранието за состојбите од правосудниот систем, а која треба да даде насоки за носење на Законот за Јавно обвинителство, во првите редови седнаа обвинетите пратеници Илија Димовски, Трајко Вељаноски, Ејуп Алими, Фросина Ременски, осомничениот Антонијо Милошоски и други.

За тоа како треба да функционира борбата против криминалот и корупцијата придонес ќе даде и амнестираниот за отворањето на собраниските врати на 27 април, Крсто Мукоски, кој исто така на дојде на расправата. Дојде и пратеничката Жаклина Пешевска, која бепе притворена за 27 април, но потоа постапката против неа беше прекината поради немање докази.

ВМРО-ДПМНЕ, која не сака да се донесе законот без да се затворат истрагите отворени од СЈО против бившите нејзини функционери, ја побара оваа јавна расправа. Таа не е условена да се одржи бидејќи предложениот закон е со европско знаменце и не дозволува јавна расправа за него. Затоа, ќе се зборува за тоа како да се справи државата со високиот криминал и корупција, што е клучно за нашите евроинтеграции, во една вооопштена рамка.

Иако темата е воопштена, во салата „Борис Трајковски“ во Собранието нема игла каде да се фрли. Дојдоа и најголемите правни експерти во државата. Покрај министерката за правда, професорката Рената Дескоска, тука се и нејзините колеги професори Гордан Калајџиев, Гордана Силјановска, Светомир Шкариќ, академик Владо Камбовски, државниот обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лиле Спасова, обвинителката од Организиран криминал и корупција Гордана Смаќоска, а од поранешното СЈО дојде само Фатиме Фетаи. Тука се и претставници на американската амбасада

Седницата ја води пратеникот Александар Кирацоски, кој беше на распит кај Вилма Рускоска за истрагата „Рекет“ во делот на Меѓународниот сојуз, но избегна обвинение.

Тука се и пратеникот Џеват Адеми, за кого има истрага дали пукал на свадба, како и пратеникот Костадин Ацески, кој беше пријавен од сопругата за семејно насилство.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет