ПОРТАЛОТ СДК ЈА ОТКРИ МИСТЕРИЈАТА: МАЧЕТО НА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ШТО ГО СПОМЕНА КАТИЦА ЈАНЕВА ГО ВОЗЕЛЕ ЗА РАДОВИШ ЗА ДА НЕ УМРЕ ОД ГЛАД САМО ВО СКОПЈЕ

Објавено на 27.01.2020 во 23:30:27 часот | Македонија

МАЧЕТО НА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ШТО ГО СПОМЕНА КАТИЦА ЈАНЕВА ГО ВОЗЕЛЕ ЗА РАДОВИШ ЗА ДА НЕ УМРЕ ОД ГЛАД САМО ВО СКОПЈЕ

Мачорот Лео на обвинителката Лиле Стефанова кој доби големо внимание на социјалните мрежи - (Фото: СДК.МК)

Мачето што денеска стана топ тема на социјалните мрежи откако обвинетата Катица Јанева ја нападна нејзината поранешна колешка обвинителката Лиле Стефанова по нејзиното сведочење во случајот „Рекет“ се вика Лео. Тој е мачор од сортата персиска мачка и живее со обвинителката Стефанова во Скопје.

Ја прашавме обвинителката Стефанова што е приказната за мачето и таа ни кажа дека неколку пати кога била на одмор и кога си одела дома за Радовиш, го зела Лео со себе за да не угине од глад.

Катица Јанева беше лута и навредена затоа што во сведочењето Стефанова кажа какви обиди за влијанија трпела во големата истрага за „Империја“ против Орце Камчев и негови соработници. При исфрлањето од судница низ солзи кажа: „Оти мачето ѝго возев, затоа не чинам!“

Повеќе за ова на СДК.МК

 

 

loading...

 

Македонија

Свет