(ВИДЕО) Заев на средба со граѓани: Им го вративме достоинството на земјоделците

Објавено на 27.01.2020 во 23:00:04 часот | Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше во посета на општина Кисела Вода, каде што се сретна со граѓани од населбата Драчево.

На средбата Заев се запозна со нивните проблеми и разговараше за можните и ефикасни решенија кои се во интерес на граѓаните и го засегаат нивното секојдневие.

Меѓу другото, Заев се сретна и со пазарџиите на пазарот во Драчево, со кои разговараше за економските политики на Владата на СДСМ, кои, како што рече, овозможуваат подобри услови за работа и можности на раст на нивните микробизниси.

„Во две и пол години мандат како Влада презедовме сериозни чекори, кои го унапредуваат земјоделството и им го враќаат достоинството на земјоделците. Преку партнерски однос со земјоделците успеавме да ги надминеме предизвиците за откупот на земјоделските производи, откупот денес е навремен и целосен, а цените на производите растат. Тоа е важно не само за земјоделците туку и за пазарџиите, кои преку оваа чесна и почитувана професија се активни учесници во нашата економија“, посочи Заев.

Претседателот на СДСМ ја посети и точката на која е почната реконструкцијата на патот кон локалитетот Три Круши во времето додека ја предводеше Владата на СДСМ, а е реализирана со средства од инвестиции од Општината и државата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет