ОД ДЕНЕСКА Е ЈАСНО КАКО БЕЛ ДЕН: ИЛИ ЌЕ ГО ПИКНЕМЕ КАМЧЕВ ВО ЗАТВОР НА 10 ГОДИНИ РОБИЈА И ЌЕ МУ КОНФИСКУВАМЕ 20-30 МИЛИОНИ ЕВРА СТЕКНАТИ ОД ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК И РАЗНИ КРИМИНАЛИ, ИЛИ ЌЕ ОСТАНЕМЕ ВЕЧНА БАНАНА ДРЖАВА!!!

Објавено на 27.01.2020 во 20:46:21 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Денешните сведочења на обвинителката Лиле Стефанова во суд открија нешто за што одамна сите се сомневавме. Орце Камчев не е заштитен само од ВМРО ДПМНЕ туку од една безбројна сурија судии обвинители бизнисмени уредници на медиуми газди на медиуми разни останати моќници тајни служби на соседни земји, подземје, надземје, оџи и владици...

Дури и една моќна судика која е на врвот во мак судството, Кацарска, куќен пријател на Камчеви беше извалкана денеска. Да не зборам за Јово Превара кој до вчера од Врховен Суд му беше најголем адвокат на Камчев...

Беше јасно и порано, но од денеска е јасно како бел ден, кристално јасно како бела мачка у свежо црно орање што викаат Кумановци, дека или Камчев ќе изгуби и ќе го пикнеме во ќорка на 10-20 години и ќе му конфискуваме едно 20-30 милиона евра стекнати со криминал или ќе останеме вечна банана држава...

Ни ЕУ ни НАТО не не спасува во оваа битка, се тоа ќе биде п.. дим ако не успееме суштински да се соочиме со злото внатре. 

Ако останеме да ги казнуваме само ситните риби а ваквите не сомови туку китови ги оставиме да вртат наоколу со тоа устата отворена најширо со која сисаат се пред себе како ГИГАНТСКО КИРБИ, ништо не сме направиле дечки.

Апелирам до Заеви, до СДСМ, до невладините, до граѓанството, до новинарите и уредниците, до храбрите судии и обвинители да не се предаваат во оваа битка.

Да се бориме до крај со ова зло. Ова зло мора да биде поразено и клекнато на земја.

Македонската економија мора да се очисти од ваквите босови кои се лепат на владејачка партија и после земаат цели индустрии под свое, за нив не важат законите, за нив нема лимити и црвени линии, буџетот е нивниот рај и море за криминален натпревар меѓу мафијашите!!!

ИЛИ НИЕ ИЛИ ТИЕ, НЕМА ДРУГО ДЕЧКИ!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија