НА ВМРОВЦИТЕ ИМ ТЕКНА - Славевски: Со некои од проектите на „Скопје 2014“ се отиде предалеку, парите требаше да се потрошат за попаметни работи

Објавено на 27.01.2020 во 14:37:44 часот | Македонија

Функционерот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во денешното гостување на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ со разочарување говореше за најавените и нереализирани инвестиции на актуелната владејачка гарнитура.

„Фактите говорат дека е очајно слаба реализацијата на капиталните инвестиции. Тука имате состојба во која собирате преку даноци од граѓаните, а не ги враќате во економијата на реален начин. Со некои од проектите на „Скопје 2014“ се отиде предалеку, тоа можеше да биде значително рационално и средствата да бидат насочени кон други проекти“, истакна Славевски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет