ДЕНЕСКА Е ДЕН НА СРБИТЕ, ПОВЕЌЕ МАНИФЕСТАЦИИ ШИРУМ ЗЕМЈАВА, ГОСТИН НА ПЕНДАРОВСКИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА, МИЛОРАД ДОДИЌ

Објавено на 27.01.2020 во 10:52:03 часот | Македонија

Националниот празник на Србите во Македонија оваа година ќе се одбележи со повеќе манифестации во Тетово, Кумановo, Битола и вечерва во Скопје, во Македонскиот народен театар. На централната манифестација, Светосавската акаедмија, ќе се обрати техничкиот премиер Оливер Спасовски, а ќе присуствуваат делегациии од Србија и од Република Српска. Највисок гостин е членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

Денеска Додик ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а потоа, на Светосавската академија, ќе му биде доделена Светосавска повелба за „значаен придонес во афирмацијата на српското национално прашање во регионот и за значаен придонес за заштита на Србите и српската култура и традиција во Северна Македонија”.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет