Советничка на Груевски е шеф на кабинетот на Мизрахи, ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ режимска

Објавено на 26.01.2020 во 21:48:28 часот | Македонија

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски работи по инструкции на бегалецот од правдата, Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски отворено работат на враќање на режимот.

Последен доказ за тоа е шефицата на кабинетот на министерката за труд и социјална политика во преодната влада, Рашела Мизрахи.

Марија Апостолова, шефицата на кабинетот на Мизрахи е поранешна советничка на Груевски, дел од 90те советници на осудениот криминалец во бегство.

На Груевски очигледно не му е доволно што го контролира Мицкоски, туку целосно ја држи контролата и преку сите  кои се дел од кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ.

Кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ се кадри блиски до Никола Груевски со што се докажува дека Мицкоски е само вршител на должноста претседател на опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се нечесни и неискрени кон граѓаните. Не нудат ништо освен обнова на режимот и заробената држава.

Затоа на 12 април однови ќе бидат поразени. На 12 април граѓаните силно ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет