ШОКАНТНО: Комората за приватно обезбедување – заложник во рацете на една личност – султан!

Објавено на 26.01.2020 во 20:53:45 часот | Македонија

Чудно е како во изминатите години функционира Комората за приватно обезбедување со моќ сконцентирара во рацете на една личност – незиниот претседател Верица Милеска Стефановска.

Слободно може да се каже СУЛТАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА! Па, замислете Претседателот на Комората во истовремено е Претседател на Собранието на комората кое е највисок орган на Комората.

Преседателот на Комората истовремено е Претседател на Управниот одбор на Комората кој е највисок извршен орган на Комората. Циркузи во системот на организација на Комората.

Еден човек со толку овластувања само по себе покажува колку се плаши да биде контролиран и затоа во свои раце ја сконцентрира сета власт. И така да почнеме со ред. Можеби некому ќе му изгледа смешно или невозможна мисија. Но, да не се лажете ВИСТИНА е се поврзано со нетранспарентнто и неконтролирано работење на Комората за приватно обезбедување.

Верица Милеска Стефановска е таа која како претседател ги има сите патувања во државата и низ светот на сметка на Комората, таа успеа од средношколец како претседател на Комората лесно да оствари влез кај професорите и да дипломира, па дури и да магистрира и секогаш како претседател заслужните за нејзиното образование да ги спонзорира.

А останатите членови на Управенн одбор исто така спонозорирани со нејзин потпис само аминуваат се што таа ќе им стави на дневен ред!  А каде се агенциите за приватно обезбедување? Што има направено за нив, освен што се извор за таа да живее раскошно и да ужива во претседателската фотелја на Комората? Која агенција за приватно обезбедување освен агенцијата која беше во нејзина сопственост МДН ја има привилегијата да биде на иста адреса како и адресата на седиштето на Комората за приватно обезбедување (само со различен број за да не настане забуна!).

На кој дел од веб сајтот на Комората за приватно обезбедување може јавно и транспаретно да се погледне Финансискиот извештај за работењето на Претседателката на Комората за приватно обезбедување со точни ставки за сите луксузирања, прошетки низ светот, купување на влијателни личности од сите сегменти на власта!!! Јавноста сака да знае колкава е цената на секој министер, функционер која е платена за да може некој султански да владее. 

Агенциите за приватно обезбедување мора да се освестат и да стават крај на ова султанско време на управување со Комората за приватно обезбедување. Слушаме дека постои загриженост и кај вработените во Комората за приватно обезбедување кои почнале да го чувствуваат мирисот на смена на досегашната претседателка и истите почнале да се јавуваат кај фирмите кои имаат сопствено обезбедување и по налог на претседателката да го сондираат нивното мислење. Но, добиле корпа од другата страна на телефонската слушалка. Затоа што според годините на претседателствување на сегашната претседателка може да и позавидат и многу познати претседатели на држави кои завршиле сепак неславно. Затоа што ревизија на работењето и трансферирањето на парите од Комората ќе следи. Доволно документација дел од свиркачите од Комората имаат обезбедено.

Следи сериозна истрага. Одговорност мора да има!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет