НЕМА ПРИЧИНА ЗА ПАНИКА, ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СПРЕМНИ ЗА ВАКВИ ЕПИДЕМИИ: Од утре во земјава се воведуваат превентивни мерки против коронавирусот

Објавено на 26.01.2020 во 20:34:54 часот | Македонија

Не постои простор за паника од коронавирусот, но ќе се преземат превентивни мерки, кои ќе стапат на сила од утре.

Сите патници на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус, ќе се скенираат со термална камера, објави министерот за здравство, Венко Филипче, во име на Комисијата за заразни болести.

„Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на коронавирусот, заклучи дека нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, што значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродроми“,

изјави Филипче.

На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Со оглед на тоа што е сезона на грип, се очекува и многу лажни позитивни резултати и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување. За луѓето, потенцијални пациенти, што доаѓаат од регионот на Кина, и посебно од Вухан, а кај кои може да се јават симпотми, од утре ќе биде објавен телефонски број на кој може да се јават за да бидат понтаму насочени каде да се јават во нашиот здравствен систем, за да не се јавуваат по матични лекари и амбуланти со цел тој вирус, доколку постои, да не се прошири. Сите други пацинети кои имаат симптоми на грип ќе го следат нормалниот процес од матичен лекар кон Инфективната клиника.

Доктор Жарко Караџоски, член на Комисијата, појасни дека кај оние кај кои ќе се покаже сомнение на повисока температура, ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат било каква симптоматологија, ќе бидат ставени во изолација. Тие што немаат симптоматологија ќе бидат упатени дома, но ќе им биде даден телефонски број и доколку има какво било зголемување на симптоматолигјата со респираторно заболување, ќе треба да се јават.

Караџоски уверува дека во моментов нема потреба од каква било паника.

„На Балканот во ниту една држава нема сознанија дека има заболен од ова заболување, а слично како останатите држави кои се подготуваат за ова и ние ги правиме истите подоготовки и сме подеднакво во тек со сите“, рече тој.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет