НОВ МЕГА СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Комората за приватно обезбедување – од институција за развој на приватното обезбедување до институција за легално финансирање на определен број полициски службеници?

Објавено на 23.01.2020 во 13:14:04 часот | Македонија

Комората за приватно обезбедување остварува соработка со Министерството за внатрешни работи и во многуте комисии на Комората членуваат полициски службеници на кои Комората им исплатува високи хонорари и со тоа на еден начин ја купува нивната лојалност.

При секеоја промена на власт, претседателката на Комората за приватно обезбедување Верица Стефановска успева брзо да стапи во интересна врска со новото раководство во МВР кое делегира свои членови во комисиите на Комората. Секој е задоволен воден од својот материјален интерес. Јавноста се запрашува во која висина се исплаќаат годишно само привилегиран број на полициски службеници за нивните услуги за потребите на Комората? Колку чинат забавите кои секоја година ги организира Претседателката на Комората по разни поводи, а на кои главни гости се функционери од МВР, па дури и од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање?

Исто така, јавноста мора да знае колку финансиски средства се трошат за патни трошици на Претседателката на Комората – Верица Стефановска и нејзиниот тим. Мисловна именка е транспарентноста на финансиското работење на Комората за приватно обезбедување. Каде се објавени финансиските извештаи за работата на Комората за секоја година одделно? Колкава е транспарентноста пред јавноста на трошењето на финансиите и кој го контролира истото!

Дали постои злосторничко здружение помеѓу Претседателката на Комората и нејзините блиски луѓе во телата на комората за извлекување на финансии под сомнителни околности?

Агенциите за приватно обезбедување издвојуваат финансиски средства, кандидатите кои полагаат испит за лиценца и легитимација уплаќаат средства, но каква е понатаму судбината на овие средства никој не знае. Јавноста најмалку! Оттука, се поставува прашањето чија е Комората за приватно обезбедување, на Претседателката Весна Стефановска или институција која треба да се грижи за развиток на приватното обезбедување?

Јавноста мора да знае дали Комората за приватно обезбедување е институција за менаџирање на приватното обезбедување или пак институција за тајно финансирање на високи функционери на безбедноста?

Фронт за борба против корупцијата во Комората за приватно обезбедување

 

 

loading...

 

Македонија

Свет