БРАВО: Македонското здравство ќе се поднови со 65 нови санитетски возила

Објавено на 22.01.2020 во 11:46:17 часот | Македонија

Зајакнувањето на службите за Итна медицинска помош (ИМП) е еден од приоритетите на Министерство за здравство и во завршна фаза е постапката за обезбедување и дистрибуција на 65 нови санитетски возила, како донација од Кина, од кои поголем број ќе бидат наменети за службата за ИМП Скопје, одговорија за МИА од Министерството за здравство на новинарско прашање кога ќе бидат набавени нови амбулантни возила со оглед на фактот што постоечкиот број очигледно не ги задоволува потребите за брзо делување во случаи кога на граѓаните им е потребна итна медицинска помош.

Од Министерството посочија дека во Итната медицинска помош при Здравствениот дом Скопје, пак, во изминатиот период се вработени 18 лица, од кои 17 доктори и еден возач и се набавени шест нови возила со што стопроцентно се зајакнале капацитетите на ИМП Скопје.

– Итната медицинска помош е еден од сегментите кои најмногу ги зајакнавме во изминатите две години, примени се 84 доктори и се набавени 12 нови амбулантни возила за службите за ИМП во државата, информираат од Министерството за здравство.

Директорот на Здравствениот дом Скопје, Виктор Исјановски, пак, одговарајќи на истото прашање за МИА рече дека идната недела ќе бидат промовирани и ставени во функција десет нови возила за домашна посета и за Здравствениот дом Скопје.

– Ќе бидат промовирани и две санитетски возила, донација од Општина Гази Баба и две пикап возила наменети за транспорт на лекови во аптеки и затвори. Од Министерството за здравство најавена е и донација на уште пет санитетски возила, додаде д-р Исјановски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет