ФЕНОМЕНАЛНА АНАЛИЗА НА САШО ОРДАНОВСКИ: Сте се запрашале ли зошто баш ракометот е национален спорт број 1 во земјава? Причини има многу, ќе се изненадите!

Објавено на 15.01.2020 во 10:39:57 часот | Македонија

 

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Да направиме една џепна, но амбициозно-ненаучна анализа, за најважното прашање за опстанокот на македонската нација денеска: Сте се запрашале ли некогаш зошто, баш, ракометот е „националниот спорт“ на Македонците?

Зошто таа игра на мал терен, во близок и интензивен контакт со противникот, со многу насилни пробивања, штипења и удари под појас, со кратки додавања и неопходност од постојана итрина во потезите, е спортот со кој најмногу се идентификува овдешната спортска нација? Спорт во кој судиите со своите арбитрарни одлуки, можеби повеќе од сите други екипни спортови, можат да ја решат судбината на секој натпревар? Но и спорт во кој, релативно почесто од некои други спортови, индивидуалните одлуки и перформансите на еден-двајца играчи можат да го решат натпреварот? Во кој дури и ако имате десетина килограми повеќе, можете да направите голема кариера на позиција на голман или во пеливанската борба на линијата од шест метри…

Зошто не успеваме во елеганцијата на тенисот? Во интелигенцијата неопходна за играње кошарка? Во тимскиот „долгометражен“ напор неопходен за фудбалот? Или во убавината на одбојката и пинг-понгот, каде дури и нема никаков допир со противникот? … Атлетика?

Зошто, баш, ракометот?

Линк до целата колумна на ЦИВИЛ МЕДИА

 

 

loading...

 

Македонија

Свет