Кросоверот доаѓа под ознаката „C-SUV“, а прв го возеше претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во околината на Истанбул.

„C-SUV“ е дизајниран од прочуеното италијанско студио Панинфарина а автомобилот ќе дебитира во 2022 година.

Турскиот кросовер има потполно електричен погон а ќе биде понуден во две опции, со 200 и 400 коњски сили.

На помоќната верзија од 0 до 100 км/ч ќе и бидат потребни 4,8 секунди, а автономијата помеѓу две полнења ќе биде до 500 километри.

Турција инвестираше 3.7 милијарди долари во проектот кој опфаќа производство на пет модели во 175.000 единици годишно.

Се очекува овој проект да и донесе на турската економија дури 50 милијарди долари за 15 години од моментот на лансирањето на C-SUV на пазарот во 2022.