Спасовски за „БИРН“: Владата ќе ги оправда очекувањата, сакам Заев да се врати што побргу

Објавено на 05.01.2020 во 22:29:31 часот | Македонија

Владата ќе ги оправда очекувањата, порачува новиот технички премиер Оливер Спасовски во неговото прво интервју за „БИРН“.Оливер Спасовски денеска со министрите ја одржа првата седница на техничката влада

Негови приоритет и цел, како што вели, се владата активно да продолжи да работи во сите сегменти.

„Да продолжат реформите за да нема застој во напредокот, да ги реализираме проектите што ќе значат економски развој и раст, да направиме сѐ државата да биде подготвена за фер и демократски избори, со шанса еднаква за сите партии, но и за граѓаните слободно да ги донесат одлуките. И од претставниците на опозицијата во Владата очекувам да бидат насочени кон остварување на тие интереси на граѓаните“,

вели Спасовски и ветува одговорна и транспарентна влада.

Сепак, како што изјавил, сака што пократко да биде технички премиер, за што побргу да се врати Зоран Заев.

Техничката влада денеска ја одржа првата седница

За членовите на техничката владата која ќе ја предводи до изборите, Спасовски порачува дека државниот интерес треба да им биде пред партискиот и да придонесат за остварување на двата врвни приоритети – ЕУ и НАТО.

„Тоа се два витални национални интереси, од кои никој не смее да отстапи. Не смееме фокусот да го насочиме исклучиво кон партијата од каде што доаѓаме или од нејзиниот интерес. Пред сите во владата стои единствено интересот на државата“,

потенцира новиот премиер.

Спасовски во интервјуто зборува и за неговиот наследник во МВР, Наќе Чулев, од кого очекува да работи во интерес на безбедносниот систем и ги отфрла како целосни невистини обвинувањата дека заедно со Зоран Заев се обидуваат да му ги скратат овластувањата.

Наќе Чулев, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, го замени Оливер Спасовски во МВР

Во интервјуто тој зборува и за првичкиот предлог за технички министер за внатрешни работи, армискиот полковник Драган Ковачки. Тој беше одбиен од СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта се плаши од професионалци и дека „допрва ја чека главоболка пропорционална со степенот со кој се огрешиле од законите“.

„Ако нема реформи, има континуитет на партијата што го инсталираше режимот во државата. Намерите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од јасни. Тие би направиле сѐ повторно да го вратат режимот на Груевски. Немавме друг мотив за одбивањето на тој предлог. Единствената причина е да се почитуваат Уставот и законите. Тоа е минимумот од кој не можеме да отстапиме. Во периодот на владеењето на Груевски, повеќе личности од Армијата беа внесени во МВР. Еден од нив е и Горан Грујовски, а податоците говорат какви злодела и непочитување на човековите права беа направени“,

вели Спасовски.

Целото интервју на Спасовски за „БИРН“ можете да го прочитате ТУКА.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет