СДСМ: Реалноста говори дека за 2,5 години СДСМ направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11

Објавено на 05.01.2020 во 21:17:32 часот | Македонија

11 години криминалниот режим во кој дел беше и Христијан Мицкоски ја пљачкаше државата, ја турна економијата на колена, а граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.Таквите криминални, погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и менторот на Мицкоски, Никола Груевски резултираа со пад на економијата од 1,8 отсто во последниот квартал од владеењето на режимот, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„За само две и пол години, СДСМ преку одговорни политики успеа да ја врати довербата во економијата, да изгради стабилна и развојна економија со постојан раст од над 3,6 отсто.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите од скапите задолжувања завршуваа во белиот дворец и за криминални проекти, денес парите завршуваат кај граѓаните, а задолжувањето е двојно намалено и е со далеку поповолни стапки.

Тоа е разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот домаќински однос на СДСМ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират што постојано се отвораат нови работни места, што се реализираат странски инвестиции без денар за скапи реклами, што невработеноста е на рекордно најниско ниво од 17,1 отсто, што проечната плата е зголемена за над 2.000 денари, а минималната за 5.500 денари споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Реалноста говори дека за две и пол години СДСМ на секое поле направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години.

Понудата на Мицкоски во економијата е понуда за крадење од граѓаните, за богатење на функционери од белиот дворец, за криминални тендери на штета на граѓаните.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДМНЕ можат да се подготват за нов пораз на изборите, граѓаните ќе потврдат дека повеќе пари во семејствата е вистинскиот пат и нема да дозволат нивните пари повторно да завршуваат во белиот дворец“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет