Најчевска за Каракамишева: 11 години не ѝ пречеше ништо…

Објавено на 05.01.2020 во 17:08:25 часот | Македонија

11 години не и пречеше ништо што правеше владејачката ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ.
Не бараше поништување на ниту една неуставна процедура, ниту еден закон, ниту една постапка спротивна на концептот за човековите права. Не и пречеше убиството на Мартин, ни смртта на Тамара, ниту пак незаконските судења, ни поткупените јавни обвинители и судии.
11 години не виде како се заробува државата во канџите на мафијата.
11 години ги користеше сите бенефиции на корумпираната власт.
11 години не понуди решение за излез од стапицата во која се најдовме.
И сега одеднаш се возбуди и сака да го поништи едно од не така многуте позитивни нешта кои ги направи актуелната власт.

ФБ реакција на Мирјана Најчевска на веста дека Каракамишева бара поништување на Охридскито рамковен и Преспанскиот договор

 

 

loading...

 

Македонија

Свет