СДСМ:Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се олицетворение на груевизмот, режимот и погубните политики

Објавено на 05.01.2020 во 12:06:18 часот | Македонија

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се олицетворение на груевизмот, режимот и погубните политики, на 12 април граѓаните ќе порачаат – режим никогаш повеќе

ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од лавиринтот на груевстичката режимска матрица.

Потврда за тоа се тимовите на министрите од ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.

Тимот на Рашела Мизрахи е составен од лица кои се познати во јавноста како дел од режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и биле дел од креирање на погубниот проект Скопје 2014, соработници на Диме Спасов и одговорни за омаловажувањето на сиромашните, стечајците и пензионерите. Дури и самата Мизрахи ги понижи жените на првиот ден од нејзиното назначување.

Тимот на Цветан Трипуновски против кого има кривична пријава за злоупотреба на 170.000 едвра,  е олицетворение за најцрните 11 години во земјоделството кога земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се богатеа на сметка на макотрпниот труд на земјоделците.

Наќе Чулев пак, којшто сега е во МВР, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“.  Оваа хипотека на Чулев ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР но СДСМ нема да дозволи ништо да го загрози изборниот процес ниту сигурносата на граѓаните.

Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април. Режим никогаш повеќе!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет