ОВАА ЛИСТА ТРЕБА ДА ЈА ИМА ВО ЏЕБОТ СЕКОЈ КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК НА СДСМ КОЈ ЌЕ ОДИ НА ТВ ДЕБАТА СО ВЛАТЧЕ ЃОРЧЕВ!

Објавено на 05.01.2020 во 00:00:01 часот | Македонија

 
Влатче обожава да лаже на тв, па ја обвинува власта дека шајка не заковала за овие 3 години и дека не донела ниту една странска инвестиција.
 
Поради тоа, Мактел им препорачува на сите кандидати за пратеници да си ја испринтаат оваа листа и да ја носат во џебот од палтото или во новчаник за да ја извадат во сред дебата и да почнат да читаат кога Влатче ќе почне да вреска дека шајка не била закована!
 
Нови странски инвестиции кои започнаа со работа, се во градба, започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање додека е на власт СДСМ и ДУИ:
  1. Чагатај Кабло од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (автомобилска индустрија за електрични инсталации со 100-тина вработени во моментов)
  2. ВИК од Германија во ТИРЗ Прилеп (апарати за домаќинство со 200 вработени со таргет до 1000 вработувања)
  3. Теламон од САД во Скопје Инџиково (браунфилд објект, електрични кабли за автомобилска индустрија со 70 моментални вработувања, до 300 вработувања во прва фаза и краен таргет до 830 вработувања)
  4. Cranfield Foundry од Русија во Пробиштип (модерна леарница за автомобилска индустрија со инвестиција со моментално 40 вработени, 90 до крајот на годината и таргет до 280 вработувања)
  5. Баумер Швајцарија во ТИРЗ Скопје 1 (сензори, декодери и други електронски компоненти со околу 200 работни места)
  6. Мурат Тичарет од Турција во ТИРЗ Скопје 2 (автомобилска индустрија, електрични инсталации и кабли евра со околу 300 вработени)
  7. Дура САД во ТИРЗ Скопје 2 (автомобилска индустрија, надворешни трим делови, до 500 вработувања)
  8. Кеслер Германија во ТИРЗ Скопје 1 (електромотори со 150 вработувања)
  9. Саген Албанија во ТИРЗ Скопје 1 (фармацевтска индустрија, до 100 вработувања)
  10. Reci & Sons иселеници во САД, во ТИРЗ Струга (хемиска индустрија, средства за чистење и хигиена, 250 вработувања)
  11. Џемдаг Лајтенинг од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (производство на опрема за осветлување и фотоволтаични панели, до 200 вработувања)
  12. Доган Отомотив од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (автомобилска индустрија со 50 вработени)
  13. Балканлар пластик од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (амбалажа за градежна и прехранбена индустрија со 80 вработени)
  14. Зенит од ОАЕ во ТИРЗ Скопје 1 (производство на грејачи за бојлери со 80 вработувања)
  15. Герешајмер од Германија во ТИРЗ Скопје 1 (амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија, до 500 вработувања)
  16. Малхотра Кабелс од Индија во ТИРЗ Скопје 2 (производство на кабли во автомобилска индустрија, со 130 планирани вработувања)
  17. ODW Електрик од Германија, 2-ра фаза во ТИРЗ Струга (автомобилска индустрија за жични склопки со 90 нови работни места)
  18. Диатек Италија, 2-ра фаза инвестиција во ТИРЗ Скопје 1 (производи од пластични маси и преработка на хартија, 30 нови работни места, што е дуплирање на бројот на вработени во нивната компанија)
  19. Костал од Германија во ТИРЗ Струга (електронски и мехатронски делови во автомобилска индустрија со 330 вработени)
  20. ПУРПЛАСТ ТУРЦИЈА 12 милиона евра, 300 работни места - Нова странска инвестиција во ТИРЗ Скопје - Турската компанија Пурпласт иницијално ќе инвестира до 12 милиони евра и ќе отвори нови 300 работни места

  21. СКЕЈЛ ФОКУС, БУГАРИЈА, 45 МИЛИОНИ ЕВРА, 300 РАБОТНИ МЕСТА Најголемата софтверска компанија од Република Бугарија, „Скејл Фокус“, во наредните 5 години е подготвена да инвестира околу 45 милиони евра, и тоа повеќе од 34 милиони евра во плати за повеќе од 300 работни места, повеќе од 6 милиони евра во давачки за Буџетот на Северна Македонија, повеќе од 3 милиони евра за закупнина на деловен простор, и повеќе од 2 милиони евра за обука и развој на вработените, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на церемонијата на потпишување на државен договор за поддршка на оваа инвестиција во нашата земја.
  22. ЛОКО ТРАНС, ЧЕШКА, 15-20 МИЛИОНИ ЕВРА, 250 РАБОТНИ МЕСТА Потпишан договор за државна помош со чешката Локо Транс: Инвестиција од 15 до 20 милиони евра, 250 нови работни места.

  23. ГСОЛ-ЕУРОНИКЕЛ, Швајцарија, 100 милиона евра инвестиција во ФЕНИ Кавадарци, фабрика која беше во стечај но беше спасена и нејзините 1000 вработени.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет