НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: Геро ги обвини Фрчковски и Сашо Ордановски дека го креирале рекетарскиот тандем Боки - Катица?!?!

Објавено на 04.01.2020 во 23:23:48 часот | Македонија

 

Во својата најлуда колумна досега, Геро во Плусинфо меѓу редови со асоцијации ги обвинува Фрчковски и Сашо Ордановски дека го креирале рекетарското дуо Катица - Боки и дека земале дел од парите од рекетот?!?!

Ни советникот на Заев, ни неговиот многу близок човек што ги контролира бизнисите, најмалку пак исфрустрираната Фросина Ременски, не се тие што ги споија Боки Јовановски и Катица Јанева. Создавањето на тој неверојатен рекетарски тандем, според моите информации, е дело на најмалку четири лика: носител на акцијата е блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ (која, како што слушам, после изборите планира евакуација од извршната власт), идеолог е еден наш познат интелектуалец кој остварува значајна блискост со Јанева веднаш по нејзиното назначување, човек за врска е еден наш познат новинар кој е близок и со неа и со Боки, а целата операција сепак не можела да помине без знаење на самиот Заев. Всушност, на таа средба со Заев што не се оствари, јас сакав директно да го прашам премиерот – друже, дали ти го одобри создавањето на рекетарскиот тандем на столетието, или некој ти подметна кукавичко јајце.

Сега веќе не сакам и не морам ништо да прашувам. Сега буквално сѐ ми е јасно. Единствено не можам да предвидам како ќе се однесуваат обвинетите во аферата „Рекет“, дали ќе молчат и ќе го преземат товарот на вината (измерен во долгогодишни затворски казни, какви што очекува предизборно воспалената јавност), или сепак ќе проговорат за целата вистина.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет