ГОРАН СДК: Бре мајката, овие од ВМРО-ДПМНЕ упорно нѐ тераат да заборавиме дека „најкорумпираната и најкриминална власт“ падна пред три години!

Објавено на 04.01.2020 во 22:15:31 часот | Македонија

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара Заев да ја образложи оставката од функцијата премиер на седницата на која Собранието јa прифати во пресрет на изборот на техничка влада и предвремени избори. Барањето на Мицевски за образложение на оставката е небулоза иста како приказната за професионалецот полковник. Ај ќе си правиме муабет за професионалецот, а нема да збориме дека го кршиме Уставот.

Зошто Собранието да дебатира за оставката на Заев и што има тој да образложува зошто ја дава, кога за да има техничка Влада пред избори премиерот мора да си даде оставка. Техничка влада – техничка оставка. Така вика законот. И точка.

Пратеникот Мицевски барањето да го види Заев во Собрание го искористи само за уште еднаш да ја извергла партиската мантра – дека „Македонија и македонскиот народ се ослободуваат од најнеспособната, најкорумпираната и најкриминална власт што ја имала до сега“. Бре мајката, овие од ВМРО-ДПМНЕ упорно нѐ тераат да заборавиме дека „најкорумпираната и најкриминална власт“ падна пред три години. И баш поради тоа што има такви што заборавиле, ВМРО-ДПМНЕ уште поминува како нормална опозициска партија. А  не како злосторничко здружение што ја грабна државата и чијшто лидер избега во странство.  И со парите што ги украде уште ја командува партијата од таму. А државата уште е во канџите на вмровските инсталации во судството и обвинителството. И на инсталациите во јавната администрација од општините до Уставниот суд, кои уште од сега ги имаат таксано одморите за партиската кампања.

Линк до колумната на СДК.МК

 

 

loading...

 

Македонија

Свет