Иселеник од Германија донираше парични средства и пакетчиња за штитетниците на Домот „11 Октомври“

Објавено на 03.01.2020 во 17:09:42 часот | Македонија

– Фатмир Веапи, иселеник од земјава во Германија, по повод новогодишните празници додели донација во парични средства и пакетчиња за сите штитеници од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

Како што соопшти Агенцијата за иселеништво, Веапи за празниците ја посети својата родна земја и на Јавната установа, Домот „11 Октомври“ им ја врачи донацијата.

Фатмир Веапи, заедно со директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов се сретнаа и со директорката на Домот „11 Октомври“ Соња Стамева.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет