Американскиот воздушен напад на Багдад удри и врз берзите, расте цената на нафтата

Објавено на 03.01.2020 во 16:50:24 часот | Свет

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Најголемите светски берзи бележат пад откако САД денеска изврши воздушен напад на аеродромот во Багдад и го уби иранскиот генерал, Касеми Сулејмани. „Потонаа индексите на берзите во Лондон, Франкфурт и Париз, како и Хонг Конг“, пренесува „Танјуг“.

Од друга страна, цените на суровата нафта вртоглаво се зголемија од загриженост дека Иран може да се одмазди за убиството на врховниот генерал преку застој во снабдувањето со нафта во светот.

Според „Асошиејтед прес“ растот на глобалната цена на нафтата ќе има поширок ефект, особено за земјите со големи производствени капацитети кои увезуваат нафта, како што се Германија и Италија. Овие земји доживеаја најголем пад на берзата, со пад на главниот индекс од 1,4 отсто на 1,1 отсто.

Цената на суровата нафта порасна за речиси три долари, на 69,16 долари за барел, што е највисока цената на нафтата од 17 септември.

Според официјална изјава од Пентагон нападот го одобрил директно претседателот на САД, Доналд Трамп, со образложение дека Сулејмани „активно развивал планови за напад врз американски дипломати во Ирак и во целиот регион“.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија