На Едносед во Маврово стартува скијачката сезона

Објавено на 03.01.2020 во 10:27:41 часот | Македонија

03.01.2020, Маврово - За сите ски и сноуборд ентузијасти - имаме добри вести! 

Скијачката патека Корја (Едносед) официјално се отвора денес, петок (3-ти јануари).

За оние кои не знаат, Корја е класифицирана како тешка скијачка патека со повисок градиент и се смета за стаза за напредни и искусни скијачи и сноубордери.

Во меѓувреме непрекинато работи системот за вештачко заснежување и главен приоритет на Ресорт Маврово е заснежување и подготовка на патеката Корја.

Додека чекаме да падне повеќе снег, тимот на Ресорт Маврово е посветен на правење вештачки снег и покривање на планината во бело.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет