(ВИДЕО) Заев: Јас имам принципи, не може било кој да биде кандидат, предложен за во техничка влада од опозицијата

Објавено на 27.12.2019 во 22:49:35 часот | Македонија

Прашање: Значи и Вие ќе ги прифатите предлозите на ВМРО-ДПМНЕ?
 

Одговор: Јас имам принципи и критериуми за предлози, водејќи се пред се од правната држава и принципи досега поставени од Социјалдемократскиот сојуз и секако нема да ги соопштам јавно. Утре ќе ги поставам на маса и верувам дека и најголемата опозициона партија ќе води грижа токму за тие принципи, заради тоа што не е само Министерот за внатрешни работи и туку Оливер Спасовски и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и тој треба на крајот да даде предлог и не е се исто каков предлог како овластен предлагач давате. Заради тоа што кога давате предлог застанувате зад него. Веројатно тие знаат како е најдобро за нив како најдобро ќе ја извршат улогата, но секако не значи дека секој еден може да биде кандидат за министер или за дополнителен заменик министер.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет