Изгласан општинскиот буџет за 2020 година на општина Прилеп. Буџет по мерка на граѓаните

Објавено на 27.12.2019 во 22:19:41 часот | Македонија

 173,5 милиони денари се наменети за изградба и реконструкција на улици и локални патишта, во кои спаѓаат реконструкцијата на мостот на улица „Трајко Николоски“, зимското одржување и одржување на хоризонталната и вертикална сигнализација.

 50 милиони денари за покриен базен во населба “Точила“.

45 милиони денари за градинката во населба “Точила“.

 36,6 милиони денари за реконструкција на булеварот “Гоце Делчев“.

 30 милиони денари за Старата прилепска чаршија.

 37,6 милиони денари за изградба и одржување на паркови, зелени површини и јавната чистота.

 За заштита на животната средина, одделени се 4 милиони денари за инсталирање на инвертер клими во домовите на граѓаните.

 2 милиони денари за субвенции за набавка на велосипеди.

 2 милиони денари за реконструкција на покривите на неколку згради, односно станбени објекти во градот.

 Општинскиот Совет ја изгласа и Одлуката за отпочнување на постапката за преземање на ФК „Победа“ во сопственост на Општина Прилеп. Општината ќе стопанисува и менаџира со фудбалскот бренд на Прилеп, се до моментот додека не се најде инвеститор кој ќе понуди сериозна програма за понатамошен развој на клубот. Ние нема да дозволиме да згасне фудбалската икона на Прилеп, ФК „Победа“.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет