ХЕРОИНА ВО БИТКАТА ПРОТИВ МАФИЈАТА: Дескоска номинирана за македонски претставник во Венецијанската комисија

Објавено на 27.12.2019 во 14:03:34 часот | Македонија

Дескоска на социјалните мрежи изрази надеж дека по истекувањето на мандатот на актуелниот член на Венецијанската комисија, ќе се обиде да придонесе за „целосно хармонизирање на нашето законодавство со европското“. 

Министерката Рената Дескоска вечерва на својот Фејсбук профил, објави статус, во кој стои дека Владата ја номинирала за македонски претставник, односно за член на Венецијанската комисија.

Дескоска на социјалните мрежи изрази надеж дека по истекувањето на мандатот на актуелниот член на Венецијанската комисија, ќе се обиде да придонесе за „целосно хармонизирање на нашето законодавство со европското“.

„Се надевам дека од јануари, по истекот на мандатот на постојниот член на Венецијанската комисија, ќе можам да придонесам за целосно хармонизирање на нашето законодавство со европското. Земјите кои често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија, избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е примерот на Црна Гора која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија чиј претставник е заменик министерот за правда, Романија, Унгарија… Секако, во моментов одлуката на Владата е само номинација…“, напиша министерката на Фејсбук.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет