Коузон и Fire Aid - UK изминативе два дена (20-21 Декември) организираа обуки за оспособување на нова група на македонски пожарникари кои ќе учествуваат на проекти ширум светот.

Објавено на 27.12.2019 во 11:40:10 часот | Македонија

Веќе афирмираните активности (dry docks projects) за реновирање на големите Cruises бродови даваат можност за времено работно ангажирање на големи групи на Македонски пожарникари .

На почетокот на 2020 , веднаш на 2 Јануари испраќаме група од 105 пожарникари на работен проект во Франција во градот Марсеј.

По ова ќе следи друг работен проект за 45 македонски пожарникари на пристаништето во Шпанскиот приморски град Кадиз.
Очекувањата се дека секој месец до средината на 2020 година ќе имаме по најмалку еден проект.

За сите оние што сакаат да бидат дел од овие работни проекти , најавуваме нови обуки и нови работни проекти.
Слободно аплицирајте со испраќање на биографија на англиски јазик на [email protected]

 

 

loading...

 

Македонија

Свет