ЏАФЕРИ: ЈАС НЕ ГО СПАСИВ ВЕЉАНОСКИ ОД ПРИТВОР

Објавено на 26.12.2019 во 21:24:50 часот | Македонија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во денешното интервју на Телма изјави дека не му помогнал на поранешниот прв човек на Собранието, Трајко Вељаноски да се спаси од притвор, туку немало конкретен предлог за што да се гласа тој ден во Собранието од причина што мандатно-имунитетната комисија не донела никаква одлука за одземањето на пратеничкиот имунитет на Вељаноски.

-Не му помогнав на Трајко Вељаноски. Јас како претседател на Собранието немав конкретен предлог што требаше да ставам на гласање. Конкретниот предлог требаше да ми го даде Комисијата за мандатно-имунитетни прашања. Комисијата немаше конкретен предлог, гласањето било нерешено. Затоа така помина, немавме предмет. Јас ја исполнив обврската да свикам седница. Јас седнав со координаторите, секретарот на Собранието и заменик претседателот на собранието, дали воопшти да се свика седницата. Беше одлучено да има седница, и да заврши како што заврши, вели Џафери.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет