ТРИЧКО: Милчин работи во корист на сопствените џелати

Објавено на 26.12.2019 во 19:52:01 часот | Македонија

Без адекватна казна на инспираторите, нарачателите и извршителите на лустрацијата како монструозната операција на вморонскиот режим на Груевски, жртвите, сосема сигурно, нема да добијат целосна сатисфакција.

Но, тоа не значи дека Законот за поништување на лустрацијата не е потребен или дека е, уште помалку, штетен. Освен, се разбира ако власта не го смета за комплетно решение на проблемот. Комплетно не е и не може да биде биде без казните за лустраторските монструми и монструмчиња. Милчин е во право кога укажува на овој момент, независно што дел од мотивите му се политикантски зајадливи, цинични, па на некој начин и опортунистички. Особено ако ги ставиме во корелација со некои други негови заложби.

Проблемот е во тоа што Милчин, како една од повидните жртви во криминалната лустрација, најмалку две години работи, објективно работи, дури независно од идејата што му се мота низ главата, на тоа на власт да се врати злосторничката инсталација што се обиде да му ја скине главата. Ако успее во тоа, од казните што ги очекува, никогаш нема да има ништо. Тој работи во корист на своите џелати.

Јас го разбирам незадоволството од Заев, разочараноста по многу прашања и насоки, но од тоа до славата на монструмите во форма на нов мандат, е многу големо, непремостливо за здравиот разум, растојание. Можеби Мицко ќе му го врати љубимото име на државата (хахаха), но, никогаш нема Аџиев, Бонева и Груевски да ги прати затвор. Што не би можело да се каже за него.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет