БОКИ ЗНАЕЛ ОД КОГО ДА ПОБАРА МИЛИОНИ: Кој е Зоранчо Митревски-Чиле, кој и на судот се пофали со успешна 29 годишна бизнис кариера во винскиот сектор?

Објавено на 25.12.2019 во 23:08:03 часот | Македонија

Дечкото со ферарито, сопственикот на Винаријата Езимит е и на уште неколку фирми, од финансии и градежништво е типичен пример на успешна транзициска приказна.

Тој е човек кој што не се експонира во јавноста, не е заинтересиран за учество во проекти што значат  општествена одговорност, но ужива во луксузни автомобили, (eдно ферари му се преврте и искрши  на штипскиот влажен коловоз, но набргу го замени за друго) луксузни часовници и разни други брендирани предмети, игра голф и често може да се сретне како ужива на бреговите на разни моденски места, како на пример на Азурниот брег.

Правник по вокација, но никогаш не се занимавал со право. Работниот век го започнува во земјоделска задруга од Кавадарци,потоа отвара салон за мебел во Штип а подоцна и фирма за трговија. Во овој период се соочува и со кривична пријава поради шверц и фалсификување на Тиквешка жолта ракија, но тогашниот министер Владо Поповски, кривичната ја преиначува во прекршочна, па ќе куртули од затвор.

Се вработува во Дирекцијата за за вино, од кога почнува и неговиот подем во винарскиот свет. Во тој период станува и близок пријател и  соработник со Марјан Ѓорчев, во тоа време министер за земјоделие во Владата на Љубчо Ѓеорѓиевски. Со негова помош успева да добие дел од примамливата јапонска помош. За возврат, Митревски ја финансираше неговата политичка кампања, кога тој го  напушти ВМРО-ДПМНЕ и со својата новоформирана Зeмјоделска народна партија, учествува самостојно на изборите во 2008. Во деведесеттите години,често беше во друштво со луѓе од ДБК.

Како резултат на вино бизнисот со Украина, и како чин на патриотизам, Митревски интервенира и заедно со брат Љубе, ќе ги обезбедат, четирите авиони, за време на воениот конфликт од 2001 година. Еден период го финансира и весникот на МПЦ, а во 2008 година, станува и почесен конзул на Летонија.

Винаријата Езимит, има свои фирми во повеќе земји, а благодарение на современата автоматизирана технологија, годишно произведува 20 милиони тони вино, 5 во винаријата во Штип и 15 милиони литри вино во винарија во Лозово.

Освен во винарскиот бизнис, Митревски влезе и во градежниот и финансискиот бизнис. Заедно со бизнисмените Орце Камчев и Сашо Мијалков беше еден од сопствениците на Штипски Бетон, и како една од 12 фирми која што работеше на проектот Скопје 2014. Подоцна уделот во фирмата го продаде на адвокатот Сашко Бошков ,за да фирмата денес е стечај. Езимит  е сопственик и  на акции  на Комерцијална банка. Митревски беше предложен за член на Надзорниот одбор на банката но поради неспоивоста на оваа функција со функцијата почесен конзул, неговата кандидатура тогаш не доби одобрување од Народната Банка . Свои удели Митревски имаше и во медиумскиот бизнис, трговија и транспорт. Живее во елитната населбата “Блок 70” во Штип и неговата куќа е со 24 часовно обезбедување, поради конзулскиот статус.

На прославата на неговиот педесетти роденден и јубилејот на фирмата, 25 години ,,Езимит“, за 30.000 евра пееше Северина а амбасадори, бзнисмени, деловни соработници и политичари беа дел од роденденската забава.

По информацијата дека СЈО го сомничи за повеќе предмети, Митревски долго време не беше во родниот Штип и се шпекулираше дека престојува во Бугарија, од страв да не биде притворен. По обелоденувањето на ,,Рекет“ се врати во Македонија, за сега како и Камчев се појави во својство на сведок.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет