СДСМ СЕ ПОФАЛИ: Исплатени 222 милиони денари кон над 7.000 млекаропроизводители , се грижиме за земјоделците

Објавено на 25.12.2019 во 23:01:39 часот | Македонија

Почитувани новинари, почитувани граѓани,

Владата предводена од СДСМ секојдневно покажува дека вистински се грижи за сите граѓани, потврда за тоа се бројните мерки и политики кои успешно ги реализира во сите сектори.

Во таа насока е и исплатата на субвенциите за предадено млеко на 7.877 фармери, на чии сметки пристигнаа вкупно 222 милиони денари.

Тоа се субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно, млеко предадено на преработувачки капацитет во период од мај до септември 2018 – та година.

Со оваа исплата, се заокружува исплатата на прва, втора и трета фаза за субвенциите за предадено млеко во текот на минатата година. Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2018 година се исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар, и за субвенциите за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар.

 За само 2.5 години, Владата предводена од СДСМ исплати вкупно 331 милиони евра финансиска поддршка во агро секторот, без селекција, транспарентно, на сите оние кои исполнуваат услови за финансиска поддршка.

СДСМ останува посветено да работи во насока на модернизација, развој и поддршка на земјоделството и земјоделците.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет