Директорот на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија д-р Нино Васев: Годинава ја завршуваме оптимистички, веќе пет месеци имаме нови биолошки терапии за 30 видови на лекови

Објавено на 25.12.2019 во 22:29:39 часот | Македонија

Директорот на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија д-р Нино Васев, утрово гостуваше во утринската емисија на телевизија Сител, каде разговараше за набавените нови 30 биолошки лекови и психолошката поддршка за онколошките пациенти.

„Оваа година ја завршуваме оптимистички, веќе пет месеци имаме нови биолошки терапии за 30 видови на лекови, што е еден наш голем придонес на оваа држава кон квалитетното лечење на нашите болни. Имаме многу квалитетни лекови кои го спречуваат растењето на туморот. Некои од овие лекови даваат во едногодишно преживување дури и 100%, некои од овие лекови, посебно лекови од новата група што ги имаме за меланом. Меланомот до пред 5 години беше неизлечива болест. Сега има 4 лекови што може да го лечат многу добро“, потенцираше директорот Васев.

Директорот Васев изјави дека на Клиниката за радиотерапија и онкологија нема никакво чекање за лек. Пациентот го добива лекот самиот ден. Достапноста е 100%. Ниту еден пациент што докторот мисли дека треба да го земе тој лек не останува без потребната терапија.

„Нема никакво чекање. Денеска да дојде пациент да му треба за маланом лек од најновата група, денеска ќе го добие. Чекање нема никакво. Апсолутно, достапноста е 100%. Значи ниеден пациент што докторот мисли дека треба да го земе тој лек нема да остане без тој. Со помош на Министерството за здравство успеавме да направиме мало одделение на психологија за првпат во историја на институтот“, рече директорот Васев. 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет