Пендаровски: Шпекулации се тврдењата дека на пролет ќе добиеме датум од ЕУ

Објавено на 25.12.2019 во 20:14:22 часот | Македонија

Грешевме што прикажувавме дека работата со добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ е завршена работа, рече во денешното гостување во  „Емисијата 200“ на Алсат претседателот на државата, Стево Пендаровски. Запрашан за став во врска со шансите за добивање датум на пролет Пендаровски вели дека е релативно тешко работите да се подредат според за нас посакуваната динамика, потсетувајќи дека сѐ уште е неизвесно дали новата методологија ќе биде изгласана во јануари.

„Првичните информации кои ги имаме околу ново предложената методологија од страна на Франција велат дека барем 11 држави членки имаат амандмани на тоа, 9 земји членки излегуваат со сосема нов предлог. Мислам дека ниту Французите не знаат кога нивниот предлог, ако воопшто биде прифатен, кога може да биде формално гласан во Комисијата“, вели Пендаровски

 

 

loading...

 

Македонија

Свет