МНР со демант: Изјавата на Митровски е груба лага. Димитров со Сарканис никогаш не дискутирал за Рекет

Објавено на 25.12.2019 во 18:27:11 часот | Македонија

Министерство за надворешни работи излезе со демант на изјавата на бизнисменот Зоран Митровски на денешното рочиште за Рекет нарекувајчи ја „груба лага“ и тврдејќи дека министерот Димитров со поранешниот нерезидентен амбасадор на Латвиjа г -нот Сарканис се сретнал кратко и темата „Рекет“ не била вопшто спомената.

Демантот ви го пренесуваме интегрално:

Груба лага

Со г -нот Сарканис, поранешниот нерезидентен амбасадор на Латвија, МНР Димитров имал многу кус, сосем неформален разговор за време на дипломатски коктел, кога тој во земјата доаѓа пред се’ во друго дипломатско својство и второ, на тема која нема допирна точка со аферата „Рекет”, на што впрочем укажува и датумот кога се сретнале – 18 октомври 2018 година, како и неформалниот карактер на разговорот: на стоење, без закажување, со 40ина луѓе наоколу.

Амбасадорот, за време на тој неформален разговор точно е дека го спомнал почесниот конзул на Латвија, бизнисменот Зоран Митровски, ама само за да се пожали дека тој во медиумите бил спомнуван како осомничен во отворена истрага. Темата „Рекет” никогаш не е спомната.

МНР Димитров сметајќи дека евентуални коментари во таа насока би биле злоупотреба на дипломатскиот и конзуларен статус, само го информирал амбасадорот дека во нашата држава медиумите се слободни и дека Владата не може да влијае во работата на медиумите, ниту за почесни конзули, ниту за министри и така завршува разговорот.

Подоцна, според протокол, Кабинетот на МНР бара средба со почесниот конзул за да се добијат дополнителни информации, но потенцираме – токму конзулот немаше интерес за официјална средба и никогаш не дојде на состанок.

Повикуваме веднаш да се престане со ширење на вакви лаги кои се во функција да му наштетат на угледот и интегритетот на МНР Никола Димитров, преку негово поврзување со афера со која што тој нема никаков допир, што се разбира може да е и нивна цел, а кои влијаат негативно и на државните интереси и истовремено го подриваат и самиот судски процес.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет