(ВИДЕО) Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ, „Дарувај од срце“, се грижиме

Објавено на 25.12.2019 во 07:44:44 часот | Македонија

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Почитувани граѓани, почитувани новинари 

 Во духот на хуманоста и солидарноста, Форумот на жени на СДСМ заедно со  Црвениот крст и граѓаните ја продолжува традиционалната хуманитарна акција Дарувај од срце.

Денеска, на означените пунктови во Скопје и низ сите градови низ нашата држава донираме топла облека, обувки и постелнина за граѓаните на кои им е најпотребна во овие студени зимски денови.

Воедно, со ова акција се приклучуваме кон  одбележувањето на Меѓународниот ден на човековата солидарност - 20 декември со нашиот скромен придонес, со цел да внесеме повеќе топлина во колку што е можно повеќе семејства.

Солидарноста, хуманоста и меѓусебното помагање и поддршка се темелни вредности на социјалдемократијата.

Ние како Форум  на жени на СДСМ се залагаме и вложуваме во овие вредности.

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

СДСМ со политиките кои ги води е насочена кон градење на праведно и фер општество со посебен акцент на најранливите категории граѓани со цел нивно извлекување од сиромаштија и обезбедување на пристоен живот за сите граѓани.

Хуманитарните акции на Форумот на жени ќе продолжат и во иднина, затоа што за нас сите граѓани се важни. Истовремено, ќе продолжат и нашите активности кои имаат за цел создавање на мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на сите граѓани, особено на оние од ранливите категории.

Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат на оваа хуманитарна акција, да обезбедиме помош за што е можно повеќе семејства.

Сите да даруваме од срце.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет