(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ УДРИ ПО ГРАЃАНИТЕ ВО ГАЗИ БАБА, ГО СПРЕЧИ ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ ЗА 2020 ГОДИНА

Објавено на 25.12.2019 во 07:11:46 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години ја пустошеше државата и општината, сега без милосно удира по граѓаните на општина Гази Баба. Не донесувањето на буџетот за 2020 година значи дека општината нема да може да ги извршува своите обврски. Значи дека на сила ќе мора да стапи времено финансирање во рок од три месеци.

Немањето на буџет значи дека нема да може да се продолжи навремено градењето на градинката во Стајковци. Нема да може да започне изградбата на фекалната канализација во Гоце Делчев, Црешево и Смилковци. Општината нема да има средства да изврши ревитализација на каптажите во Раштак и Булачани. Нема да може конечно да се изградат улиците во новата населба Хиподром 2, улицата Фуштанска, како и улиците во Јурумлери и Трубарево каде се гради канализациона мрежа.

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Не донесувањето на буџетот значи целосно блокирање на подготовката на проектите за изградба на нови 4 детски градинки во Синѓелиќ, Инџиково, Ќерамидница и Трубарево. Блокирани се и проектите за изградба на спортски сали ООУ Кирил и Методиј и ООУ Наум Охридски. Закочена е и изградбата на монтажните гаражи во Автокоманда кои беа предвидени во буџетот за 2020 година. Нема да може да се врши сервисирање на уличното осветлување, ниту пак да се започне нов проект. Се тоа на директна штета на граѓаните.

Затоа почитувани граѓани барам поддршка од вас конечно да го сопреме ова лудило. Да им ставиме крај на блокадите и лудостите на ВМРО-ДПМНЕ, кои поради советникот повеќе мислат дека можат да прават што сакаат. Ајде заедно да се избориме против нивните блокади.

loading...

Македонија

Свет